Мицкоски: Кампањата на Заевизмот се апсењата зашто драматично губи

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на својот фејсбук профил по апсењето на Стевчо Јакимовски.

„Апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на Заевизмот кој губи.

Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта.

Очигледно кампањата на Заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот.

Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме.

Доаѓа правда за сите“, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

ДУИ: Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“

Мицкоски: Темелите што ги поставивме стануваат основа на иднината која заеднички ја градиме

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Мицкоски прифаќа идната година да има вонреден електронски попис, но го условува со прифаќање на една изборна единица „веднаш“