А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицкоски – Јанша: Словенија подготвена да помогне за надминување на коронакризата

by А1он12/06/2020 - 11:10319
Share0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска објави дека телефонски разговарал со словенечкиот премиер Јанез Јанша од кого побарал да испрати тим од доктори и експерти од Словенија во Македонија којшто ќе помогнат во пренесување на своите искуства и знаења за надминување на коронакризата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Јаншка, како што посочува Мицкоски на својот профил на Фејсбук, веднаш се согласи да испрати помош доколку за тоа постои волја кај македонските здравствени власти, тим на врвни доктори кои ќе ни помогнат во справување на состојбите.

Во таа насока, како што пишува, Мицкоски разговорал и со министерот за здравство Венко Филипче и го запознал со идејата и подготвеноста на премиерот Јанша да помогне.

– Тој ја прифати идејата и изрази уверување дека ќе обезбеди комуникација со словенечкото министерство за здравство за реализација на хуманата идеја, наведува Мицкоски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со Јанша, како што наведува на Фејсбук статусот, тој разговарал за актуелната здравствена и политичка состојба и ја пренел својата загриженост за сериозноста на состојбата со коронавирусот и со растечкиот тренд на новозаразени и починати што, како што стои, Република Македонија ја става на убедливо на првото место по број на заразени и починати по глава на жител во регионот.

– Во исто време ја истакнав и пожртвуваноста на лекарите и медицинскиот персонал кој е непосредно во првата линија на борба против короната и надчовечките напори кои тие ги даваат, наспроти сериозните недостатоци во креирањето на мерки и начинот на нивното спроведување. Разговаравме за словенечките искуства во справувањето со корона кризата, и фактот што Словенија беше првата европска држава која прогласи победа над вирусот.

Упатува благодарност до Република Словенија и премиерот Јанез Јанша што, како што пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, повторно излегува во пресрет и поддршка на нашата земја потеницрајќи дека ќе продолжи во рамките на своите сили и можности да се бори за заштита на здравјето на нашите граѓани и справување на комплицираната здравствена состојба. Апелира до Владата да ги искористи своите контакти за меѓународна помош.

– Апелирам до владата да ги искористи своите контакти и позиции и да доведе меѓународна помош која е добредојдена во овие моменти. Бројките се поразителни и укажуваат на тоа дека ни е потребна итна помош. Колку побрзо го признаеме тоа, толку повеќе ќе спасиме животи, посочува лидерот на опозициската партија Мицкоски.

dpmne

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео