Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за акутелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, навраќајќи се неколку години назад и раскажа што се случувало.

„Никогаш не сум зборувал порано каде ни се разотидоа патиштата со Стевче Јакимовски кој беше дел од нашата коалиција, но мислам дека денес е добра можност да кажам некоја реченица за тоа. Ќе се вратам на таа 2021 година, пред 4 години, после прв круг на локалните избори дојде ненајавен исплашен во паника и нормално го примив, велам што е работата Стевче, вели те молам ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка. Јас го гледам и велам немој, непријатно ми е, сепак си човек во години не ти личи вакви работи, те молам седни на столчето, дај напиј се вода, ќе разговараме, да видиме како можеме да помогнеме, сепак сме коалиција, ние првиот круг победивме. Не, те молам пак ќе клекнам, што треба ќе направам, само да ме поддржите, вели народ може да те оправда, да те обели. Само народ може да ме обели да победам на избори и ништо не ми треба после. Велам Стевчо, имам едно барање до тебе сè друго те разбирам само те молам да нема бетонизација за Карпош, уморни се карпошани. Вели не ме интересира ништо само народ да ме обели. Заврши состанокот се вклучивме целото раководство во кампања, тој стана градоначалник. Поминаа неколку дена отидов да му честитам и ми вели дојди да ти покажам, една голема маса, кој била знае ги наредил сите детални урбанистички планови, 30 на ред и вика бирај, што да бирам му викам, па кои се за тебе. Чекај Стевчо, нели беше кај мене во кабинет нели молеше да те поддржиме да застанеме зад тебе нели рековме нема бетонизација. А вика не тоа, јас морам да живеам од нешто. Го погледнав, само му се заблагодарив, не му велам, благодарам за ова од мене немаш поддршка и со заминав“ истакна Мицкоски.

Мицкоски на крај кажа за каква личност станува збор опишувајќи го актуелниот градоначалник на Карпош.

„После тоа разочаран, бидејќи истото тоа го потврдија и нашите советници во советот му кажаа не благодарам, почна да го напаѓа мојот родител, па потоа мојата сопруга, па да го навредува мојот постар син за да на крај се скара и со помалиот син. Ете за таква личност станува збор. Сакав ова да го кажам за да знаат карпошани со кого имаат работа. Но времето на овој итрец завршува. Сакам да ги потсетам карпошани дека станува збор за човек кој се наоѓа на црната листа на САД за криминал. Затоа ве повикувам на 2 ноември и масовно да гласаме за Сотир да го заокружиме бројот 9“ истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Ѓорѓиевски: На Шуто Оризари му е доста од хаос и запоставеност, мојот концепт е Скопје еднакво за сите граѓани

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар

Мицкоски: Хаќим Рамадани откако ќе ги изгуби најпрво изборите тука во Брвеница, ќе биде разрешен од позицијата

Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува

ВЛЕН за Дебар: Мустафа Даути ја постави таблата на албански јазик на граничниот премин Блато

Предраг Петровиќ