Мицкоски ја разбира Кос: Требаше да го помине „хирингот“ на кој гласаат и европратеници од нашиот источен сосед

Од:

Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички рагзовори, конечно, по 2,5 децении патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен и ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања. Убеден сум дека ќе успееме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на еврокомесарката Марта Кос според која, земјава треба да ги спроведе уставните измени.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски порача дека „мора да не биде и ќе не биде“, а ваквиот оптимизам го темели, како што напомена, на сите досегашни средби со релевантните светски лидери, реализирани во изминатите речиси пет месеци.

Разговорите со францускиот претседател Макрон, премиерот ги квалификува како суштински дијалог. На средбата во Будимпешта, информира, со Макрон разговарале не само за македонските евроинтеграции, туку и за многу заеднички проекти во областа на економијата, инфрастурткруата, здравството,…

-Кога би заокружил се за помалку од пет месеци, можам да им порачам на граѓаните дека мора да не бидие и ќе не биде. Да бидеме оптмисти. Успеавме да се сретнеме со сите релватни светски лидери за толку кратко време, нешто што порано не беше возможно ниту во едне мандат. Видов одредени натписи на одредени портали кои ја поддржуваат работата на опозицијата, како моите средби ги споредуваат со средбите на некои други лидери во околината, но кога би ја објавувал секоја слика со секого со кого ќе се поздравам, би изгледало тривијално. Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседал. Покрај прашањата поврзани со ЕУ интеграцијата на нашата земја, зборувавме и за соработката во економијата, имаме многу проекти во инфраструктурата, здравството кои ни се важни и кои како влада со влада може да ги реализираме, комуникацијата продолжува, дента имавме можности често да бидеме заедно и да разговараме за мнгоу отворени теми, истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на три делници кај Велес.

Би можело да ве интересира

Кос: Очекувам Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот

Горан Наумовски

Кос: На крајот од мандатот би сакала да го видам Западен Балкан во ЕУ