Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акција на САД, реагира СДСМ

Од:

Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД како стратешки партнер и владата ја поддржува акцијата во Венецуела, ама од друга страна вели дека е спротивно на меѓународното право, реагираат од СДСМ на денешната изјава на премиерот во врска со акцијата на САД во Венецуела и апсењето на претседателот Никола Мадуро.

– „Во животот, кога еднаш ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и таа пракса е прашање на време, не дали туку прашање на време е кога ќе се удри од вашиот грб“, рече денеска Мицкоски. За Мицкоски ниту ЕУ не се грижи за меѓународното право. Бидејќи лично тој го блокираше европскиот пат на Македонија самиот го потврди она што го говориме, разоткриен е. Значи Мицкоски ја поддржува ама и не ја поддржува акцијата на САД. Зошто? Затоа што можеби утре го чека истата судбина како Мадуро? Денеска неговиот „стрико“ од Белград – Вучиќ, го нападна претседателот Трамп преку своите медиуми. По седницата на Советот за безбедност, најави дека армијата двојно ќе го зголеми воениот капацитет. И тој се плаши од апсење очигледно. САД веќе носат посебен Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против криминалот и корупцијата, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

ВИДЕО: За реконструкција на Владата ќе разговара во периодот мај/јуни

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО