(ВИДЕО) Мицкоски: Ја победивме хотел-коалицијата

Од:

„Победивме, но нецелсно ги поразивме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по првиот круг од претседателските избори.

„Ја победивме хотел-коалицијата”, рече Мицкоски, правејќи алузија на пресовите, кои што СДСМ ги одржува во нов скопски хотел.

Мицкоски рече дека во Македонија почнува нова реалност и дека ја победиле „однородената власт“ на СДСМ и 30 партии, кои одбрале да му бидат слуги на Заев. Порача дека ќе дојдат подобри денови за Македонија.

„Победивме во Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Аеродром, Кисела Вода, Битола, Штип, Прилеп, Неготионо, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, Виница, Кочани, Демир Капија, Росоман, Градско, Свети Николе, Мак Каменица, Охрид, Ново Село“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека Сиљановска е идниот Претседател на Републиката.

„Да се обединиме во вториот круг“, рече Мицкоски.

„Гордана е вистински борец за правдата и правдината“, додаде Мицкоски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември