Мицкоски: Изразуваме разбирање за барањето на помалите политички партии за помал праг за локалните избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР треба да бидат дел од Изборниот законик и тука немаме дилема. ВМРО-ДПМНЕ ги разбира препораките во насока на зголемување на квалитет на избирачкиот процес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес конференција.

Во однос на бројот на потписи за независни листи Мицкоски рече:

„Што се однесува до процентот утврден во Предлог изборниот законик, а кој го регулира бројот на потписи за независни листи, кои треба да се соберат изнесува 2 проценти според Предлогот“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски информираше дека добро е македонската јавност да знае дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР велат дека треба да биде минимум еден процент, додавајќи дека „два проценти е поради барањето на владеачките партии“.

„Но, ние изразузавме целосно разбирање со помалите партии. И за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо она решение кое власта заедно со нивните коалициски партнери ќе го договори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска