Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Од:

Дали ќе има измени на законското решение за недела неработен ден ќе се знае по следната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која заедно гласно и јасно ќе разговараме со работодавачите и работниците, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Мое лично мислење е дека треба да им биде овозможено во недела да работат на сите оние кои ќе постигнат договор со работодавачите и ќе добијат двојно или тројно повисока дневница или, пак, никој да не работи. Или ќе важи за сите или нема да важи за никого, а политика на двојни стандарди ние нема да водиме. Дали ќе има законски интервенции и какви ќе бидат ќе зависи од тоа каков ќе биде резултатот на следниот состанок на ЕСС. За ова прашање веќе сме разговарале со синдикатите и со стопанските комори и не е прашање кое сакаме да го наметнеме. Не сме го разговарале во тесен круг, па да носиме одлука и потоа да не знаеме што да правиме со неа. Нема да направиме ништо на сила, рече Мицкоски во одговор на прашање на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Генерално, како што кажа, се катализираат две решенија – или никој да не работи или, пак, да може да работи некој ако плати дупла дневница или договори со синдикатите поинакви услови. Посочи дека недела и сега е работен ден за одредени професии и за одредени економски оператори кои, како што кажа, се опишани со квадратура. Додаде дека постојат производни процеси за кои е неопходно недела да биде работен ден поради тоа што не трпат стопирање на производниот процес.

-Како Влада си го поставуваме прашањето или никој да не работи, вклучително и тие кои сега работат или, пак, да работат тие што сакаат да работат, но со согласност на работниците кои ќе добијат двојна дневница. Тоа е дилемата која ја имаме како Влада и во неа не гледаме ништо лошо, рече Мицкоски.

Нагласи дека нивните анкети за мерење на јавното мислење кои ги прават три пати месечно покажуваат оти 75 отсто од анкетираните граѓани се за тоа недела да биде работен ден за оние кои што сакаат да работат доколку им се плати двојна дневница.

-Ако сакаме да правиме диверзификација на економијата и промена на нашиот економски модел и концепт во иднина мора да се насочиме кон производни процеси кои не трпат стопирање на производниот процес. Мораме да размислуваме што за пет до десет години од денес, бидејќи се менува и сосема е поинаква реалноста во Европа, а во светот се појавуваат други центри на мапата на водечки производители, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“

Нема да растат платите на функционерите ветува премиерот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трговците користат трикови, срамно е ова што го прават пред празниците вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ако беше чист како солза, Груби немаше да бега вели Мицоски

Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст

Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас