Мицкоски и Николоски се сретнаа со британската амбасадорка Галовеј

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, денеска остварија средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, г-ѓа Рејчел Галовеј.

„На средбата се разговараше за актуелните случувања во земјава, по што претседателот Мицкоски посочи на истата дека Македонија стана земја каде навистина тешко се живее, за жал ветувањата за развојна економија на власта резултираа со економско дно за граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателот Мицкоски на амбасадорката и ги пренесе причините за се поголема загриженост на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој власта и институциите се справуваат со големиот степен на корупција во земјава која ги коси сите меѓународни стандарди, како што се скандалите поврзани со издавањето на македонски пасоши на криминални картели, како и потопеноста во криминалните дејствувања на одредени функционери од власта и недоволниот број на суштински реформи е само тапкање во место на меѓународната интеграција на земјава.

Мицкоски порача дека немањето на доволен број на инвестиции како и навистина катастрофалната реализација на капиталните расходи, но и екстремното задолжување кое стигна над 60% од БДП не им овозможува на македонските граѓани стабилна иднина.

Претседателот Мицкоски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото кралство и ја дава на Македонија, како и интересот да се слушнат проблемите на граѓаните по насока на создавање подобри демократски капацитети и дијалог за изнаоѓање на решенија за суштински реформи“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Николоски не очекува промената на власта во Србија да влијае на инфраструктурните проекти меѓу двете земји

Катерина Ѓуровски

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски