Мицкоски и лидерите на Западен Балкан се сретнаа со Кралот Чарлс

Од:

Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со неговото кралско височество, Кралот Чарлс III.

– Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Височество, Кралот Чарлс III. Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството. Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, имам повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство, напиша премиерот Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што денеска и утре ќе се одржува во Лондон.

На самитот во Лондон ќе бидат сумирани постигнатите резултати и ќе бидат дефинирани приоритетите за наредниот период во рамките на регионалната интеграција на Западен Балкан.

Берлинскиот процес беше започнат во 2014 година на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка на Западен Балкан и нивно приближување кон Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се огласија после апсењето на поранешниот принц

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Средба Мицкоски – Зеленски во Минхен: Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба

А1он