Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал

Од:

„Победуваме силно затоа што во секој од вас се раѓа чувство на вознемиреност и длабоко во себе знаете дека е во прашање Македонија. За нашата татковина се работи“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гази Баба.

Мицкоски рече дека оваа власт со години го разграбува секое вредно парче слобода, печалат на грбот на работливиот народ, и се грижат единствено за личните џебови и богатење. Нема тука кај нив никаква идеологија, туку тендери, бизниси и матни зделки.

„Чувството на вознемиреност е што Ковачевски му ја сервираше Македонија на Али Ахмети, на Артан Груби и на Талат од Форино. Со 100 души од ДУИ се управува цела Македонија, а чираците од СДСМ исполнуваат се што ДУИ ќе посака. Го загубија идентитетот, се претопија во криминалот, некогаш големата партија СДСМ, ова раководство ја претвори во пудлица на Ахмети и неговите желби“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека на нивните митинзи играат оро, ама на Онкологија луѓе умираа затоа што немаше лекови. Тие играат оро, а 600 илјади граѓани живеат со само 150 денари на ден. Инфлацијата три пати го изеде секое покачување на платите. Рекордери сме по корупција и криминал, неславни рекордери во Европа.

„И денес гледам правеле митинг пред зградата на делегацијата ЕУ во центарот на Скопје, небаре ако се поблиску до зградата ќе бидат и тие ЕУ. Каква пародија. И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа затоа што до гуша се во криминал. И се прочитани од народот како буквар“, порача Мицкоски.

„Неспособни редат на одговорни позиции. Членови на ДУИ и СДСМ со купени дипломи стануваат директори, а учените млади луѓе си одат надвор од Македонија. На овие избори се одлучува или тие, или Македонија. Или 100-тина души од ДУИ со чираците од СДСМ или народот на Македонија, вредните луѓе на оваа земја. Не се тие посилни од народ, затоа и народ ќе им се случи“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека по 8-ми мај Македонија ќе ја води способна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски