Мицкоски и четворица министри на Минхенската конференција

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани од денеска и во наредните неколку дена ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција во Сојузна Република Германија.

На 61 Минхенска конференција што се одржува од 14 до 16 февруари ќе се овозможи висок дијалог за клучните надворешни и безбедносни предизвици што се актуелни прашања на политичките лидери.

На конференцијата ќе присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и државниот секретар Марко Рубио.

Како што најавија од владината прес-служба, за време на конференцијата премиерот Мицкоски се очекува да има средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со претседавачот на Минхенската конференција амбасадорот Кристоф Хојгенс, со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со други политички лидери.

– Претседателот на македонската Влада, Мицкоски ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на Западниот Балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво. Мицкоски ќе ја искористи приликата за лобирање и прикажување на реалната слика од пристапните преговори на државата во поглед на европските перспективи, како и план за развој и економски достигнувања како дел од напорите за економски прогрес и сигурност на граѓаните, се додава во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски