Мицкоски и Апасиев се осамени против ЕУ

Од:

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се единствените политичари кои јавно се декларираа како анти ЕУ политичари, кои работат против интеграцијата на државата во ЕУ. Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја, се вели во соопштението од СДСМ.

„Денес, освен Апасиев и проруската Левица, никој повеќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба.

Поради таквиот однос Мицкоски се испокара со коалициските партнери, затоа и другите опозициски партии му го свртеа грбот.

Мицкоски е осамен, придружуван единствено од Апасиев со кого заедно работат за туѓи центри на моќ. Нивните деструкции и обиди за изолација на државата нема да успеат, нивните блокади повторно ќе бидат поразени од граѓаните“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага