Мицкоски: Големите очекувања за операцијата метла ќе донесат големи разочарувања

Од:

Тука како и низ целата држава граѓаните се разочарани и се свесни дека власта не ги испорачува резултатите, посочи денеска Мицкоски во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

Големите очекувања кои ги создава оваа власта за операцијата метла ќе донесе големи разочарувања, додаде Мицкоски. Тој истакна дека изминативе денови послушниците на Заев повторуваат неколку празни флоскули.

Нивните функционери велат ја научиле лекцијата од минатиот период на неработа, дека ја примиле пораката, дека ќе следуваат промени, но никој од нив не вели не успеав да испорачам резултати и да ги исполнам барањата на граѓаните, си поднесувам неотповиклива оставка бидејќи сум неуспешен. Сите закотвени во функциите, целосно свесни дека не успеале, и не ги бива чекаат деспотот да види што ќе одлучи, па ако може уште некое време да ги користат повластувањата од функцијата и да продолжат да не работат, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека власта на чело со Зоран Заев нема морален компас, за овие луѓе моралот како вредноста категорија не постои, туку единствено се заинтересирани за бенефициите кои ги носат функциите и позициите. Затоа ова мора да се смени, а вистинската метла е во рацете на граѓаните кои ќе расчистат со криминалната и неспособната власт на следните избори, порача тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски