Мицкоски: Го поддржувам протестот за Фросина, aпсолутно е оправдан револтот на граѓаните

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за протестот на граѓани поради сообраќајката во која на бул. „Партизански одреди“ во Скопје беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова рече дека револтот на граѓаните е оправдан и оти ги поддржува протестите, најавувајќи дека ќе се спроведе ригорозна казнена политика на санкционирање на ваков тип дивеење.

-Апсолутно е оправдан револтот на граѓаните и тука нема никаква дилема и еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем што треба да детектира ваков тип на дивеење по булеварите и улиците не само во главниот град, туку и насекаде во државата. МВР тоа како постапка го спроведува, и наскоро ќе имаме еден таков систем којшто ваков тип на дивеење ќе санкционира. И тоа мора да се случи. Колку и да треба политички куршуми да добиеме ние, тоа мораме да го инсталираме имплементираме и да преземеме казнена политика која што ќе биде ригорозна, затоа што и еден живот да спасиме сме ја постигнале целта, рече Мицкоски во изјава за медиуми во Стопанска комора.

Според него, понеодговорно е, како што рече, „однесувањето на одделни политичари со некрофилска политика кои се обидуваат на ваков начин преку пораки коишто згрозуваат да привлечат политичко внимание и да добијат политички поен“.

-Ова е граѓански протест и оправдан протест и го поддржувам и во таа насока размислувам како премиер и како претседател на Владата. Но час поскоро треба системот Безбеден град да биде инсталиран, да функционира и сите законски измени коишто се неопходни да бидат донесени. Јас мислам дека оваа година сето тоа ќе биде ставено во функција. Жалам што годините наназад сето ова не било направено. Во овој буџет веќе се обезбедени средства, не само во градовите, туку и на клучните артерии автопатски и експресни патишта коишто ја поврзуваат државата со соседните држави, истакна Мицкоски.

Премиерот изрази надеж дека судско-обвинителскиот систем со доверба помала од 2 проценти кај граѓаните, конечно ќе се ослободи од партиските и други влијанија, и ќе суди, обвинува според закон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски