Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните кои протестираат

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните, кои протестираа пред Собранието и побараа средба со него пред седиштето на партијата, при што им напоменал дека ги поддржува нивните протести, но пратениците од партијата нема да им се приклучат на улиците, туку ќе дејствуваат од Собранието, изјави по средба претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев.

Во изјава, за МИА, тој рече дека по нивното барање за напуштање на пратениците од опозицијата на седниците во Собранието и да се приклучат на протестите, Мицкоски им кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, но и дека нема да учествува во собраниските активности поврзани со договорот со Грција, бидејќи, како што смета, би било подобро партијата да бдие внатре и да го спречи премиерот Зоран Заев во носење штетни одлуки.

Олумчев рече дека разговарале и за референдумот за кој Мицкоски во медиумите дал изјава дека ќе гласа против, а од Здружението му посочиле дека треба да се спречи тој референдум со образложение дека името на Македонија не е добиено на гласање туку тоа се пренесувало од дедовци и прадедовци со векови.

Претседателот на здружението Олумчев рече дека ќе продолжат со секојдневни протести се до исполнување на нивните барања меѓу кои е и заштита на името на Република Македонија и заштита на македонскиот идентитетсе.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина