(ВИДЕО) Мицкоски: Функционерите во власта се корумпирани и не си ја вршат работата за која се платени

Од:

Во посетата на Свети Николе и тековните проекти на Општината, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во врска со трагичната несреќа која се случи во Бугарија, истакна дека раководните лица од власта се корумпирани и не си ја вршат работата за која се платени, затоа ни се случуваат несреќи како таа во Бугарија, претходно несреќата во Тетово, како и несреќата со автобусот во Ласкарци.

– Ова е уште една катастрофална постапка на македонските власти, јас сум вчудоневиден од тоа како овој автобус, дури 135 пати ја поминувал границата без да биде запрен, овој за којшто велат дека бил роднина на лидер од владеачка партија, а е директор на овој транспортен инспекторат го нема да излезе во јавноста и да објасни како ова возило и 135 пати ја напуштало границата и како се дозволило ова возило да ги помине сите ако воопшто постојат технички прегледи и да објасни на јавноста што се случува. А, во суштина се случува голема корупција која претставува едно сериозно ткиво коешто шестоко ги има зафатено институциите и системот, критикуваше Мицкоски.

Мицкоски исто така истакна дека не би било чудно по толку корупција да се продолжи сето ова додека е ова владеачка коалиција на власт, а вели дека од тие причини се потребни брзи парламентарни избори бидејќи оваа влада е некредибилна затоа што народот на локалните избори одлучи, а ВМРО-ДПМНЕ издвојува сериозна победа.

– Се додека оваа некредибилна влада на СДСМ и ДУИ продолжи ќе продолжат поразите, за жал тие порази продолжуваат да не чинат десетици загубени човечки животи, а тоа е поради тоа што раководните лица не ја вршат работата за која се платени, затоа ни се случуваат вакви несреќи кои овој пат однесоа 45 човечки животи, а пред некој месец во модуларната болница, пред некоја година во Ласкарци со „Дурмо турс“, посочи Мицкоски од Свети Николе.

Мицкоски за закажаниот датум за избор за нов лидер на СДСМ истакна дека претставува некоректен политички потег во ист ден кога веќе ВМРО-ДПМНЕ го најави својот конгрес да се закажуваат внатрепартиски избори, но од СДСМ и не може да се очекува да имаат политичка култура.

Во однос на најавата дека Ковачевски ќе го наследи Заев, Мицкоски истакна дека Ковачевски е познат само дека е заменик министер, но позади него нема ниту еден успешен проект, нема ништо успешно во неговата биографија.

– Од она што го разбравме од медиумите на изборите во СДСМ ќе се кандитира Димитар Ковачевски кој моментално е заменик министер за финансии за кого немаме слушнато никаква реформа или потег за да се подобри животот на граѓаните, рече Мицкоски.

Тој истакна дека Заев исто така треба конечно да си го одржи зборот и да ја поднесе оставката, а одлука на СДСМ е кој ќе го наследи, додека ВМРО-ДПМНЕ, останува фокусирано на исполнување на ветените барања пред граѓаните.

– Ќе работиме на терен да покажеме дека не сме сите исти, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Митева: Неспособноста на СДСМ резултираше со нова криза во Македонија, со пари на граѓаните ќе снабдуваат топлинска енергија по висока цена

ВМРО-ДПМНЕ: Има за златни виљушки и чинии за Ковачевски, а за народот нема парно

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката од новиот директор на Паркинзи е паника за одговорноста која следи за криминалното работење на СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Митева: Ковачевски да не ги држи во тајност одговорите за пакетот 5+1 кои се доставени до Бугарија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Трипуновски: Власта е неодговорна и виновна за избувнување на свинската чума

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Антовски: Нов блок во РЕК не работи, за народот нема парно зошто за власта има тендери и криминал

Ана Ололовска