ВИДЕO: Силјановска, Дурловски, Кедев во тимот нови соработници на Мицкоски

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски формира тим од експерти кои ќе му помагаат во креирањето политики. Тимот содржи 16-тина експерти, домашни и странски, кои тој денеска ги објави на прес-конференција.

-Досега повеќе од 10.000 граѓани го кажаа својот проблем. Ние ќе понудиме решение за проблемите. ВМРО-ДПМНЕ го следи времето и модерните текови, во таа насока формирав тим од стратешки соработници од врвни професионалци, кои ќе се вложат бидејќи на Македонија по сите порази и требаат успеси. Овој тим кој ќе го стави на располагање своето знаење за Обнова на Македонија, ќе се дообликува во периодот што следи, рече Мицкоски.

Во тимот на стратешки соработници се:

Гордана Силјановска – стратешки соработник од областа на правото и политичкиот систем

Сашко Кедев – медицина и здравствени политики

Владимир Дуковски професор во пензија стратешки соработник за технолошки развој

Стратешки соработник за економија е Хозе Караско вонреден професор во Мадрид, Шпанија

Игор Дурловски стратешки соработник за култура

Влатко Гигов, државјанин на Швајцарија за стратешки соработник за нови производи и медиуми

За прашања од областа на спортот стратешки соработник е Борко Ристовски, за енергетика Сања Божиновска, Ака Махмуд од областа на туризмот, косопственик на ЕРЕК групацијата. За прашања на трудово прво вонреден професор Лазар Јовевски, за машинска индустрија и екологија Зоран Марков професор на Машински факултет. За интелектуална сопственост професор Гоце Наумовски. За бизнис и оргнизациски стратегии професор Гоце Андреевски, за корпоративно право Александар Климовски и за банкарска политика Коста Митровски.

Мицкоски на прес-конференцијата истакна дека неговата визија за земјата е таа да биде напредна и дека е потребна обнова во секој сегмент од општеството.

-Но ние не застануваме тука и ќе понудиме решенија за проблемите и ќе се потрудиме тие да бидат одржливи, да бидат визионерски и делотворни. Да ја градиме и донесеме обновата која и треба на Македонија. За таа цел потребно е мобилизирање на целокупниот потенцијал со кој располагаме, кадровски подготвени луѓе, врвни професионалци и умови од земјата и странство кој не само што ќе ми помогнат мене, туку пред се ќе и помогнат на Македонија и заедничката иднина, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски