Мицкоски: Епска неспособност на власта на СДСМ и ДУИ, не водат сметка за нашите сограѓани кои се заглавени во Израел

Од:

При денешната посета на општина Аеродром во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека во Израел има заглавено македонски државјани а оставени се сами на себе да се снаоѓаат и со туѓи чартер летови да се враќаат назад во земјата истакна дека власта на СДСМ и ДУИ е епски неспособна а додека околните држави веќе ги вратија своите сограѓани дома со чартер летови, за нашите државјани кои се заглавени во Израел никој не води сметка и нема кој да ги донесе дома.

„Тоа го коментирам како епска неспособност на владата на СДСМ и ДУИ, претпоставувам има разногласие во самата влада, која од страните има позитивна улога а која има негативна улога, – рече Мицкоски и дополни – една конфузна ситуација која што навистина е без преседан. И она кое што јас можам да го кажам во овој момент е дека таму имаме заглавено македонски граѓани кои што за жал се снаоѓаат кој како умее и знае затоа што овие во владата се оптеретени во насока на тоа кој повеќе тендери да украде, кој повеќе провизии да собере и кој повеќе би рекол да направи скандали. И тоа не е добро. Бидејќи гледаме како околните држави праќаат чартер летови, праќаат летови во Израел, каде што беше јасна агресијата на терористичката Хамас врз недолжното население во делот на државата Израел, и навистина тоа беше еден напад без преседан, кога гледате како цивили долго време се држат како заробеници и како цивили тој ден буквално страдаа под налетот на овие терористи а околните држави си се снајдоа си испратија чартер летови, државјани на Црна Гора, на Србија на Хрватска, на Босна и Херцеговина се веќе тука а за жал нашите сограѓани нема кој да води сметка за нив и да ги донесе“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Речиси целиот свет го осудува планот на Нетанјаху за Газа, вклучително и Израелците

Смотрич најави изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег

Калас го повикува Израел да ги запре плановите за изградба на населби на Западниот Брег

Горан Наумовски

Хамас изрази подготвеност да се повлече од Појасот Газа

Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа

ВИДЕО: Застојот во борбата со корупцијата е поради Обвинителството, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски