(ВИДЕО) Мицкоски до власта: Опаметете се, Делчев е нашата тврдина и не отстапуваме ни педа

Од:

„Опаметете се! Делчев е нашиот последен бастион, нашиот Мечкин Камен, нашата тврдина и нема да отстапиме ниту една педа од неа. Делчев обединува, а Заев разединува, но мафијата не е посилна од вистината. Ајде заедно да кренеме глас и да си ја сочуваме државата која ќе биде гордо и достоинствено место за живеење“.

Ова е главната порака на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од вечерашниот протестен марш во Скопје, кој партијата го најави како „за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев“.

Тој ја обвини власта дека е лицемерна и дека е против ЕУ и европските вредности.

„Зоран Заев е се што е спротивно на Европската унија. Четири години го лаже народот со некакви лажни европски вредности. Распродаваа, понижуваа и разграбуваа. Тие се мафија, на која што воопшто не ѝ е грижа за ЕУ и вредностите. Сега сакаат да го продадат и Гоце, за да си продадат уште некоја лиценца за марихуана, да диктираат судски постапки, да го ограбуваат народот и да склопуваат бизниси со антиевропски бизнисмени. Затоа што овде, за разлика од ЕУ, се лежи затвор за украдена кутија цигари, а на слобода се сторители на сообраќајни несреќи со смртни последици. Заев не е иднината и не е европската перспектива,“ рече Мицкоски пред насобраните симпатизери.

Во своето обраќање, Мицкоски упати благодарност до македонскиот експертски тим од историчари, кои според него „лавовски се борат за зачувување на нашите историски вредности и личности и култура.“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на уште помасовни протести, затоа што, како што рече, само така ќе успееле да ја спасат Македонија како држава, а не да биде територија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар