Мицкоски до Спасовски: Дали Пендаровски е безбеден или не е безбеден?

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.

Мицкоски на средбата со граѓаните посебен акцент стави на криминалиите и корупцијата кои што ги прави актуелното раководство на СДСМ и Зоран Заев, нарекувајќи ги кадри од минатото кои се поврзани со транзицијата користејќи ги истите трикови и ниски страсти без да понудат нешто ново на граѓаните.

Тој побара одговор од страна на министерот за внатрешни работи и вицепремиер во владата на СДСМ Оливер Спасовски да каже која тајна служба го следела Стево Пендаровски и со која политичка партија истата соработувала, се со цел Стево Пендаровски да не се чувствува небезбеден.

– Го слушаме вчера на емисија се пењави, се препелка човекот не е во негова кожа, вели ме следеле странски служби, блиски до најголемата опозициска партија. Човекот се чувствувал небезбеден. Еве овде од Велес да го прашам Оливер Спасовски, вицепремиерот и несуден кандидат за претседател поддржан од СДСМ, не знае човек дали тоа е добра или лоша карактеристика во овој момент. Но, во овој момент тој е вицепремиер во Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи да кажа дали Стево Пендаровски е безбеден или не е безбеден. Еве нека одговори да видиме дали тој е безбеден или не е безбеден. Ако е безбеден да го демантира, а ако е небезбеден да каже кој тоа Стево Пендаровски го следи, која е таа тајна служба и со која опозициона партија таа тајна служба е блиска, кажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната