Мицкоски до Ромео: Поради неспособноста на власта, Македонија нема никаков напредок

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Потпретседателот, Александар Николоски денеска остварија средба со италијанскиот амбасадор, Карло Ромео.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од КОВИД 19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки се со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.

Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе. Имено тој укажа дека се власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот се осиромашува.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоки му се заблагодари на италијанскиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ