Мицкоски до Памер: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под бугарски диктат

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Австрија, Мартин Памер со кого разговараа за актуелната политичка и економска состојба и евроинтегративниот процес на државата.

Како што соопштија од партијата, од страна на Мицкоски било истакнато дека Владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа се соочува со нов коруптивен скандал во кои се вмешани првите владини функционери, додека стандардот и домашниот буџет на граѓаните опаѓа и дека поради тоа се потреби брзи предвремени избори.

На средбата станало збор и за уставните измени при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека остануваат на својот непроменет став дека нема да гласаат.

– Беше посочено дека бидејќи власта на СДСМ и ДУИ, нема 2/3 мнозинство, не ги става уставните измени на гласање и со тоа ги прекршува законските процедури и директно го крши Деловникот за работа на македонскиот Парламент. Ставот на партијата уште еднаш беше афирмиран од претседателот, дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени, бидејќи ова не е последното барање од Бугарија, како и дека билатералните односи не смеат да бидат дел од преговорите за членство на земјата во ЕУ, се наведува во соопштението.

На средбата, меѓу другото, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Памер му посакал добредојде и успех во вршењето на функцијата амбасадор во земјава, а посебен акцент ставил на негувањето на пријателските односи меѓу двете држави, за што се заложиле за нивно натамошно продлабочување.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он