Мицкоски до Ковачевски откако го одби за средба: Набргу денеска на сето ова ќе му дојде крај

Од:

„Почекајте, чекор по чекор“. Ова е одговорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето што мисли кога вели дека на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе им се случи народ. Ставот на Мицкоски доаѓа откако Ковачевски одби да се сретне со опозицискиот лидер, за да договорат датум за предвремени избори. Според ВМРО-ДПМНЕ, понудата има подадена рака за единство, за кое Мицкоски смета дека Владата нема капацитет за тоа.

„Жалам што во СДСМ и Владата нема мудрост ниту државотворен капацитет. Жалам што вака постапуваат кога на народот му е потребно обединување. Од Ковачевски гледаме сѐ освен она што му е потребно на народот. Не можам да разберам, зар толку им се важни тендерите во четири очи и привилегиите кои ги уживаат? Не можам да разберам како можат денот да го започнуваат и завршуваат кога знаат дека огромно мнозинство граѓани сакаат оваа Влада да замине и огромно мнозинство македонски граѓани велат дека Македонија се движи во погрешна насока. Очекував аналитичност, Ковачевски да излезе пред медиумите, и ако се одлучил да ја одбие подадената рака од мене, тоа да го направи на отворена сцена, да не се крие позади статуси на социјалните мрежи или да испраќа непознати ликови да тоа го прават место него на прес-конференции. Во Ковачевски и Владата гледам неодговорно однесување. Набргу денеска на сето ова ќе му дојде крај“, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавноста постојано ги прашува „Што правите вие? Каде сте вие? Што прави ВМРО-ДПМНЕ?“. Мицкоски на ова вели: „Одговорот на тоа прашање го дадов и вчера, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција изминативе пет години е на браникот на татковината. Така и ќе продолжиме“.

„Мораме да си ја ослободиме Македонија од овие луѓе. Затоа повикувам на обединување“, рече Мицкоски.

Претходно, откако Мицкоски упати повик за средба со премиерот Ковачевски на која ќе се договори датум за предвремени избори, тој преку Фејсбук статус му одговори.

„Јас кажав повеќе пати и пак ќе кажам, уцени не прифаќам. Ова е втор пат како Мицкоски се обидува да ме уценува, а добро знаеме како заврши првиот пат. Неговите себични политички амбиции мене не ме засегаат, туку интересот на граѓаните и државата“, напиша меѓудругото Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации