Мицкоски: Делото на Св. Климент е вградено во секоја буква што ќе ја напишеме

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка на граѓаните на Република Македонија.

„На граѓаните на Република Македонија им го честитам големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.

Денес го чествуваме големиот просветител Св. Климент Охридски, најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Како дел од основоположниците на словенската писменост и литература, светите браќа Климент и Наум имаат огромен придонес кон светската наука и култура.

Создавањето на кирилското писмо кое просветли многу народи е дел од плодовите на неговата работа, дело кое за век и векови ќе остане врежано во светското културно наследство. Неговото дело е вградено во секоја буква која што ќе ја напишеме и во секој збор што ќе го изговориме.

Св. Климент е и основоположник на Охридската книжевна школа од која произлегоа голем број на учители ширум словенскиот свет.

Македонскиот народ треба да биде особено горд што на нашето тло отпочна големиот просветителски бран кој ќе остане запишан со светли букви во светската историја.

Денешниот голем христијански празник посветен на Свети Климент Охридски нека биде водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на христијанските вредности за заедничко почитување и помагање.

Вечен нека е неговиот спомен, а неговите дела нека се вечна инспирација за секој еден од нас.

Честит и вековит нека ни е големиот празник Св. Климент Охридски!“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Владина делегација се поклони пред споменикот на Свети Климент Охридски

Ана Ололовска

Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски

Ана Ололовска

НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележува 77 годинини од основањето

Ана Ололовска

Врачена државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2018 година

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е значаен ден од македонската историја

Ана Ололовска