Мицкоски: Да му помогнеме на Пендаровски да се исели од Македонија

Од:

-Добро е да му помогнат граѓаните на Стево Пендаровски да она ветување и она изјава која што ја кажа пред некое време дека доколку не биде претседател ќе се исели од Македонија – вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето кој е неговиот коментар за кандидатурата на Стево Пендаровски.

Мицкоски порача колку помалку Стевовци има во Македонија толку подобро и за граѓаните и за државата, односно како што рече тој граѓаните на претседателските избори да му помогнат да се исели од државата.

– Да му помогнат граѓаните да се исели Стево Пендаровски од Македонија. Колку помалку Стевовци имаме внатре во Македонија, тоа е подобро и за Македонија, а ние да најдеме начин сите пак оние кои што се иселија поради лошите политики на Стево Пендаровски и оние кои што го поддржуваат Стево Пендаровски да ги вратиме дома бидејќи тие се тие луѓе кои што требаат дома, а ваквите пендаровци да им покажаме како граѓани што мислиме – порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава