Мицкоски: Чист воздух, парите назад кај народот и евтина струја – тоа е „Македонија за сите луѓе“

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на трибината „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во Гази Баба го презентираше концептот „Македонија за сите луѓе“, чии политики предвидуваат почист воздух, „враќање на парите од акцизата за горивата кои наместо власта да ги троши и краде, ќе бидат вратени и наменети за проекти за сите граѓани“, како и поевтина електрична енергија за домаќинствата и продолжување на животот на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година, преку модернизација и инвестирање со нова методологија.

„Ние во концептот Македонија за сите луѓе во нашите политики нема само да , туку ќе понудиме решенија, имаме јасна методологија како да го зголемиме производството на струја кое сега е некаде на 60% од тоа што беше во 2017 година, нашата методологија е модернизација и инвестирање во еколошки филтри и десулфуризација во двете најголеми производни постојки тоа е РЕК Битола и РЕК Осломеј и продолжување на нивниот животен век до 2040 година, нешто кое е спротивно на она кое го ветува СДСМ и Зоран Заев, впрочем колку повеќе ќе се произведува, толку електричната енергија ќе биде пониска, и на тој начин со таа методологија, модернизација и инвестирање во еколошки филтри, успешно ќе се справиме со предизвиците и ќе добиеме поевтина електрична енергија за домаќинствата“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека првата политика која е дел од концептот Македонија за сите луѓе е поевтина електрична енергија која ќе се обезбеди со новата методологија, како и сериозни инвестициски циклуси и поевтина електрична енергија за сите домаќинства.

„Најголем процент на загадување на амбиенталниот воздух доаѓа од системот на затоплување на нашите домови, со промена на системот односно со користење на гасот кој ќе биде овозможен од идната општинска и градска власт секое домаќинство ќе добие можност да избере бесплатен приклучок на гас коешто идното општинско или градско претпријатие ќе го изведе до секое домаќинство, планот е во еден четири годишен мандат најмалку 50% проценти од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, а со тоа да се промени системот на затоплување на домаќинствата, а со тоа да имаме почист воздух, а со тоа да имаме и поздрави сограѓани“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски вели дека власта планира повторно зголемување на цената на горивата со наметнување на таканаречен „воен данок“, затоа што Буџетот е празен, а „сакаат да трошат и да крадат“, па рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тоа нема да го дозволат во Собранието – граѓаните да плаќаат поскапи горива заради грабежот кој власта го прави, туку парите ќе ги врати назад кај граѓаните и ќе вложува по десет милиони евра годишно во образованието ,во културата, во спортот, вкупно 40 милиони евра во четири годишен мандат за нови проекти.

„Политиките од нашиот концепт предвидуваат она зголемување од акцизата за три денари плус данок на додадена вредност за дизел горивото, и парите кои сега непродуктивно се трошат, да се вратат назад кај граѓаните и тоа годишно се планираат 600-тини милиони денари или 10 милиони евра вложување во образованието, реконструкции на училишта, реконструкции на игралишта , обнова на помагалата во училиштата, вкупно 10 милиони евра од акцизата назад кај граѓаните, пари кои сега се трошат од страна на оваа влада, ќе бидат наменети за инвестиции во културата, во спортот , вкупно 40 милиони евра во еден мандат, пари кои денеска се крадат наместо да се вложуваат“, порача Мицкоски на вечерашната промоција на новите политики.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина