Мицкоски бара време за да се видат резултатите на Арсовска

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја оправдува отсутноста од јавност на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој бара разбирање од новинарите и јавноста, поради краткиот период во кој таа е на функцијата.

„Не е 30 дена, туку две недели откако ја презема функцијата. Нормално е да се остави стотина дена за да се видат првите резултати и начинот на функционирање. Од она што го гледаме во Град Скопје, јавноста ќе се занимава од тоа што оставил претходникот. Се надевам дека медиумите ќе информираат непристрасно што оставил претходникот. Ќе бидеме достапни за јавноста“, рече Мицкоски.

Прашан за БРТ системот, тој смета дека не треба да се спроведе. Во однос на тоа како би се откажал, а парите би се пренамениле, со оглед дека ЕБОР засега не дозволува пренамена на средствата, Мицкоски кажа дека ќе има одговор и на тоа прашање.

„Тоа техничко решение го очекувам со најниска оцена 1, а како професор, тој нема да добие пролазна оцена“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат