Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара од премиерот Зоран Заев да се повлече и да даде оставка. Ова доаѓа откако тој прогласи победа на локалните избори. Прашан кога ќе бара предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека за тоа треба да има мнозинство во парламентот па додаде: „дозволете времето да даде одговори, а тоа е и кога ќе бидат следните избори“.
„Тоа е и мојот совет до него. Тоа е она што го очекува македонскиот народ, односно граѓаните. Ова да биде практично негово заминување од политиката. Не затоа што Христијан сака или било кој од нас во ВМРО-ДПМНЕ сака или од опозицијата. Народот испрати порака, ова е резултат со огромна предност на опозицијата пред власта. Треба државнички одлуки, не тактизирање“, кажа Мицкоски.
Тој посочи дека тие ја имаат довербата од мнозинството на народот и не треба да го разочараат сега.