Мицкоски бара меѓународна реакција за пцостите на Џафери: Интерпелација нема да успее

Од:

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерот Димитар Ковачевски е заробен. Поради ова, смета дека СДСМ го брани собранискиот спикер Талат Џафери кој по завршување на собраниска седница е снимен како упатува пцости во Собранието, кон вработени од секторот за седници. Мицкоски посочи дека доказ за состојбата во која се наоѓа Ковачевски е што вчера, а три дена по упатените пцости, Ковачевски беше на стадион да навива со Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Интерпелација нема да успее, бидејќи Ковачевски ако го нападне Талат Џафери ќе му падне Владата. Ете вчера го видовме на еден стадион како навива меѓу Али Ахмети и Талат Џафери седнат и тоа доволно јасно прикажува во која улога е тој човек и зошто велиме дека е заробен. И како да правиме интерпелација, единствено да ги слушнеме како се прпелкаат од СДСМ да го бранат Џафери кој ги пцуеше мајките на вработените во Парламентот. Тоа се вредностите? Еве ја повикувам и меѓународната заедница, ако се тоа вредностите и ако стојат зад овие политичари, тогаш извинете јас со такви вредности не сакам да живеам“, додаде Мицкоски.

Според Мицкоски, треба да се свика Комисија за деловнички и мандатно имунитетски прашања надлежна за етичкото однесување на пратениците бидејќи Џафери го прекршил Кодексот.

„Навредувајќи ги мајките на вработените таму, го прекршил Кодексот. Народот е тој кој треба да одлучи на следните избори дали овие ќе бидат казнети или нема да бидат казнети. Имаат 61 пратеник, тие секогаш додека се Влада ќе ги имаат тие 61. Затоа е важно на следните избори, дека само стабилна влада може да ги исправи овие грешки. Овие луѓе кои тоа го направија, ќе одговараат. Но јас сум само еден гласач. Вие медиумите треба да дадете поддршка Македонија да престане да губи“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он