Мицкоски бара брзи предвремени избори: Тие се светлото на крајот од тунелот

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара брзи и предвремени парламентарни избори. Ваквото барање го образложува со кризата која вели дека ќе ја зафати Македонија. Тој очекува зголемување на последиците од коронавирусот, бидејќи има потфрлање во менаџирањето на процесите, за што, според него, потврда се повеќе од 7.000 починати. За интеграциите во ЕУ, лидерот Мицкоски кажа дека дури и да се започнат, потребни се коренити реформи кои ќе ги спроведуваат институции со слаб квалитет. Дополнително посочи и дека државата влегува во енергетска криза каде може да има рестрикции, но и дека следува ценовен шок и голема инфлација. Тој тврди дека за ново мнозинство се потребни изборите.

„Ова се причини кои говорат дека се потребни крупни одлуки кои мора да се носат овој период. Народот кажа дека не верува дека Владата може да се справи со овие последици. Не само што легитимитетот е доведен во прашање, туку и мотивацијата на Владата да се справи со овие проблеми. Прва опција е формирање на ново парламентарно мнозинство. Во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање, брзи предвремени парламентарни избори, со почитување на роковите кои ќе обезбедат цврста и стабилна Влада. Брзи избори за кои не треба алтернатива, бидејќи е потребна стабилна влада која ќе се справи со проблемите. Изборите се светлото на крајот од тунелот. Брзите избори треба да донесат Влада која ќе спроведува ефикасни политики“, кажа Мицкоски.

Тој смета дека ако не предвремени парламентарни избори значи дополнителен криминал и корупција и неефикасни институции додавајќи: „Доколку владата ја одбие понудената рака за предвремени избори, енергетската криза која тропа на порти, ковид пандемијата, жестокиот пад во економијата, енергетската криза, ќе бидат на товар на оваа Влада во заминување. Подаваме рака бидејќи наш интерес се граѓаните“.

„Јасно е дека Зоран Заев дури и да си поднесе оставка, министрите ќе продолжат да го претставуваат неговиот корумпиран систем, кој на овие избори, двапати беше поразен. Дури и Зоран Заев да си оди, а Владата да остане, Венко Филипче ќе остане министер кој има најмногу починати, Љупче Николовски ќе е нефункционален министер, Мила Царовска ќе продолжи да го уништува образованието. И самиот Зоран Заев ја стави во влог неговата кариера, а изборите беа референдум за владата. Оттука прашањето кое е легитимно, дали ќе има ново парламентарно мнозинство и без избори да се формира нова Влада или пак, нови избори за Влада со нов кредибилитет. Пред да одговорам, да потенцирам дека Македонија ја очекуваат кризни времиња, следува ценовен енергетски шок, каде прашањето не е дали, туку колку ќе поскапи струјата. Поскапувањето на струјата значи шок кој ќе се прелее на сите производи, што значи зголемена инфлација и зголемена сиромаштија“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот