Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО тоа ќе го поништи

Од:

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот протест на партијата „против мафијата, за правда и слобода“ во Штип, рече дека доколку владата на СДСМ и Зоран Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја почитува таа одлука и ќе ја поништи.

„Доколку навистина биде прифатено од страна на оваа политичка мафија  предводена од Зоран Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец бидејќи бил роден на географската територија  Македонија, а по националност бил
Бугарин, нашиот мајчин македонски јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава и дополнително
понижување,“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по протестното возење од Скопје до Штип.

„И веднаш да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш  ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде
потоа не сме кажале и не сме предупредиле,“ додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора