(ВИДЕО) Мицкоски: Ако власта избега од избори, ќе се соочи со политичка криза

Од:

Бегање од избори е бегање од одговорност. Зоран Заев сака да избегне сите скандали и одговорност. Сме прогласени за хибриден режим, за три години нема сериозен процесуиран случај за криминал, рече на денешната прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Не е до законот туку до анкетите за разнишаниот рејтинг. На овој начин сака да ги одложи изборите и да избегне одговорност. Сака еднострано да донесе закон наспроти забелешките на правните експерти. Законот го користи како изговор да избега од избори. Првин за шпанската ратификација, па за марихуаната, сега за јавното обвинителство. Македонија не смее да биде држава на суети и заложник на политичките интереси на власта. Не може да се обликува закон кој ќе ги штити интересите на партиски челници. Не сме против носење на овој закон, но бараме да биде со консензус и во согласност со забелешките на правните експерти. Еве експертите нека изготват решение и ВМРО-ДПМНЕ безрезервно ќе го поддржи“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ВМРО-ДПМНЕ предлага тим од експерти од областа на казнено и уставно право, Туанчевски, Силјановска, Камбовски, Калајџиев, Каракамишева и Гордана Лазетиќ Бужаровска.

„Да престанеме со притисоци во Законодавниот дом, чуму ни се избори ако со притисок се „боксуваат“ законите. Ако има вистински луѓе на вистински места ќе се борат против корупцијата. Затоа и се наоѓаме на 106-то место во борба против корупцијата и секој ден ни бегаат луѓето во странство и се помалку инвестиции имаме во државата. Ова не можеме да си го дозволиме, да го дотолчиме и така разочараниот народ“, додаде Мицкоски.

Време да се тргнеме од тесно партиските интереси и да донесеме вистинско решение, кажа тој.

„Однапред кажуваме дека тоа законско решение кое ќе го изготват експертите ќе го прифатиме. Дали ќе им треба 7 или 17 дена, тоа требало да си мисли предлагачот. Ваков каков што е законот, согласност нема од опозицијата. Ако решат со притисоци да го туркаат, со емпириско собирање на мнозинство, тоа е туркање со сила на законот. Овој закон не нуди решенија, правен е за одредена група луѓе да избегнат одговорност. Но, ако го изготват експертите, еве без да го гледаме законот, што ќе го направат експертите ние ќе го поддржиме“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека не отстапуваат од договорот за избори и дека нема потреба од нова лидерска средба.

„Ние ќе поднесеме иницијатива за распуштање на Парламентот. Тоа е завршена и договорена работа. Ако тоа не се случи, односно ако нема избори на 12 април, ќе се соочиме со нова политичка криза“, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски