Мицкоски: Ако Спасовски не се согласува со Законот за амнестија, тогаш нека ја напушти владата веднаш

Од:

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ од Охрид прашан дали Спасовски прави театар или вистинско изразување за незадоволството со тоа што кажа дека не го поддржува Закон за амнестија рече дека Спасовски има две опции.

-Спасовски има две опции. Едната опција е ако не се согласува да ја напушти владата, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, втората опција која ја има Спасовски е да молчи и да прифати дека тие кои што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму.

-Втората опција е да престане да прави театар и да молчи и да прифати дека тие кои што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму. И тие треба да добијат намалени затворски казни или дел од нив да добијат и целосна амнестија, за да потоа се најдат повторно на улиците и да повторно прават проблеми и го тероризираат чесниот граѓанин во Македонија, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот