Мицкоски: Ако Спасовски не го заштити Стефковски, ќе се самоорганизираме и ќе го заштитиме

Од:

При денешната посета на општина Ѓорче Петров претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на заканите упатени кон градоначалникот на Гази Баба, Боби Стефковски, го повика министерот Спасовски да реагира во спротивно ВМРО-ДПМНЕ ќе се организира и ќе се заштити од криминалците и политичката болумента која што ги штити.

„Боби има закани, за кои што и јас знам, по својот живот и животот на своето семејство затоа што спроведе закон. Односно после неколку предупредувања, интервенции итн., како општина, ја зема правдата во свои раце по закон тоа што треба да го направи и ја урна таа дивоградба. И поради тоа што урна дивоградба добива закани од лицето и семејството на лицето кое што ја изградило таа дивоградба на парцела која што е сопственост на општината, односно државно земјиште каде што треба да никне градинка. И тоа е пријавено во МВР, од МВР не реагираат и оставаме уште неколку дена и ние мора да се браниме и ќе мора да се заштитиме од ваква болумента криминална која што заедно со политичка болумента напаѓа овластени лица само заради тоа што го спроведуваат законот. И верувајте, еве тоа е порака и до овие што се закануваат ќе се организираме и ќе се одбраниме, ако мислат дека нема да се одбраниме, се лажат. Еве јас ги гледам во очи, преку вас медиумите и им кажувам дека си играат со оган. Го повикувам и министерот Спасовски да го заштити животот на Боби и неговото семејство затоа што во спротивно ако, не дај Боже, нешто се случи, тој лично ќе биде одговорен. А, ВМРО-ДПМНЕ има должност барем на тоа ниво каде што може да го спроведе законот и тој закон ќе важи за сите, и за оваа криминална болумента што се заканува и за тие политички криминалци и болумента политичка која што ги штити и за секој оној кој што ќе го прекрши законот. Сега таму каде што можеме тоа е на локално ниво, во оние општини каде што имаме градоначалници, а за неколку месеци од денеска и на територијата на државата Македонија. Тоа е основната цел на политичарите со која што ние ќе покaжeме дека не сме исти затоа уште еднаш предупредувам ако министерот не е способен јавно кажувам ќе се самоорганизираме и мојата порака до оваа криминална болумента е дека ќе бидат поразени“, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните