Мицкоски: Ако помине само еден закон на шверцерски начин од страна на СДСМ-ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ следниот ден ќе го блокира работењето на Собранието

Од:

Што се однесува до 15 закони, јас не знам дали се 15, но знам дека има закони кои што на брутален начин Владата на СДСМ и ДУИ сака да ги помине и на шверцерски начин низ парламентот комплетно злоупотребувајќи го европското знаменце, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната изјава во Гази Баба.

Мицкоски упати порака до меѓународната заедница посебно до Европската Унија да го спречат шверцерското носење на закони од страна на владата на СДСМ и ДУИ, посочувајќи дека доколку и еден закон помине во собранието ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира работата на македонското собрание.

„Ја користам оваа прилика да ја упатам и мојата порака до меѓународната заедница, посебно до Европската Унија ако ова остане не искоментирано и ако ова не се спречи, тогаш ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе ја блокира работата на македонскиот парламент, на македонското собрание. А пораката до македонските граѓани е дека за неколку недели од сега ќе имаат можност да одлучат дали сакаат да живеат во држава ДООЕЛ Заев каде што парламентот комплетно ќе биде приватизиран и на шверцерски начин ќе се носат бизнис закони како што се овие вие рековте 15, или пак ќе имаме слободна демократска држава која ќе се развива и ќе биде рамо до рамо со европските вредности“, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори