(ВИДЕО) Мицкоски: Ајде да одиме на избори, ако СДСМ не се плаши нека прифатат лидерска и да договориме датум

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес при посетата на градежните работи во Гевгелија одговараше на новинарско прашање кое се однесува на најавената активна блокада која вчера се одлучи на Извршниот комитет на партијата, како и обвинувањата од страна на власта која вели дека оваа блокада е некаква нарачка.

Мицкоски рече дека и во минатото покажал дека не е склон на нарачки или притисоци и дека токму тие, СДСМ знаат како е да добиваат нарачки од еден град во близина на Гевгелија, од едно познато семејство.

– Тие можеби работат по тој принцип на нарачки, но ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво за интересите на граѓаните и интересите на Македонија и така и ќе продолжи. Инаку, она кое што вчера го донесовме како заклучок на седницата на ИК, практично е реакција на акцијата на власта и за сите понатамошни последици власта ќе биде таа која ќе биде одговорна бидејќи јас лично и ВМРО-ДПМНЕ многу пати во изминативе сто дена повикувавме на заедништво, повикувавме на дијалог да седнеме да зборуваме за проблемите, за одржување на предвремени парламентарни избори, па ако се навистина толку јаки, ако велат дека народот ги сака тие ќе нѐ декласираат на тие предвремени избори и ќе имаат чист мандат од четири години да ги спроведат политиките кои велат дека народот ги поддржува, така барем велат во нивните партиски соопштенија. Единствен начин да проверат дали тоа што го пишуваат во соопштенијата е да излезат на избори, да се охрабрат и да видат дали Мицкоски се плашел или СДСМ се плаши. Еве јас не се плашам, велам ајде да седнеме да разговараме очи во очи, ајде да одиме на избори, немам од таа страна потврден одговор, така што, единствен кој ќе биде одговорен од сега па натаму за сето она што ќе се случува во Македонија е раководството на СДСМ и самиот СДСМ. – рече Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш потенцираше дека не работи по нарачки туку единствено за интересите на Македонија и граѓаните, а нарачките ќе ги остават за СДСМ кои ги добиваат од семејството во близина.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела