Мицкоски: Ахмети ме информираше дека ќе почне преговори со СДСМ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни разговарале за преговори за парламентарно мнозинство.

Прес на ВМРО Христијан Мицковски

Posted by MИА.mk on Вторник, 11 август 2020

„Со господинот Али Ахмети имавме отприлика едночасовна средба минатата недела во рамките на Собранието. На таа средба Ахмети ме информираше дека ќе почне преговори со СДСМ, со изговор дека тоа е партијата која што победила во македонскиот блок“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека му посакал среќа на Ахмети во преговорите, иако не се согласувал со неговиот став дека СДСМ е партијата победник меѓу Македонците.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во рамките на Парламентот после неговата верификација на мандатите на пратениците има 40, а СДСМ има 32. Коалицијата која ја предводи на ВМРО-ДПМНЕ има 44, а коалицијата која ја предводи СДСМ има 42“, рече Мицкоски.

Според него, принципите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и тие нема да прифатат диктати и уценувања.

„Кога ќе имаме парламентарно мнозинство ќе ја информираме македонската јавност“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат