Мицкоски: 2024-та ќе биде година на промените

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати честитка до граѓаните по повод новогодишните празници во која најавува дека 2024-та ќе биде година на промените.

Како што наведува Мицкоски, целта е обнова на државата и создавање иднина во која секој ќе се чувствува подобро.

Ќе има повисок стандард, ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси, истакнува Мицкоски.

-Секој од нас пред Нова Година пишувал честитки или писмо до своите најблиски, до своите херои. Во пресрет на годината на промените пишувам честитка и писмо до Вас, мои сограѓани, бидејќи Вие сте моите херои. Издржавте многу, не само оваа година, 30-тина години Вие со својата сила и умешност ги крепите и семејствата и државата. Вие сте силата на Македонија. Неспособноста на власта е поразителна, проблемите се големи, а моралот е погазен. Криминалот и корупцијата разјадуваат. Премногу е! Никогаш не било полошо. Вие мои сограѓани заслужувате подобро. Имајќи полна почит и доверба во Вас, јас Ве замолувам за доверба, за заедно да ги надминеме овие тешки времиња. Време е, светлината да ја победи темнината, да се вратат надежта, моралот и насмевките. Верувам во вас. Природно е да имаме по некоја разлика, но сите имаме иста цел, и таа не обединува, а тоа е обновена Македонија. Имаме сила за големи успеси и квалитет во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро. Ќе има повисок стандард, ќе има ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси, пишува во честитката.

Според Мицкоски, добрите дела, вербата во луѓето и во Бога, како и стремежот за промени, даваат мотив и сила.

-Знам дека ќе успееме! 2024 година ќе биде годината на промените. И да, не чека многу работа, но и голема победа за секој еден од вас! Прославете ги празниците во љубов, пријатно опкружување и добро расположение. Сетете се на сите кои ги сакате и замислете убави желби за секого кого го познавате. Ви гарантирам дека следуваат поубави времиња! Мои сограѓани, Ви посакувам добро здравје и подобар живот, многу убави моменти Вам и Вашите блиски, многу среќа, радост и насмевки, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат