Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Јанева

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање потпишано од 20 пратеници за свикување итна седница за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека денеска тие, според Деловникот, побарале итна седница на Собранието со единствена точка на дневен ред разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

– Согласно член 67 став 2 и член 68 став 2 од Деловникот на Собранието по барање на 20 пратеници, гоподинот Талат Џафери треба да свика итна седница на која на дневен ред ќе биде разрешувањето на Катица Јанева. Инсистираме тоа да биде денеска а не како што најави Џафери за два -три дена, за да има време Советот на јавни обвинители да го разгледа предлогот и да ја разреши Јанева, рече Мицевски.

Праша зошто СДСМ не сака да биде разрешена Катица Јанева, ако тоа е веќе констатирано од Советот за јавни обвинители и од Комисијата за прашања на изборите и именувањата и дали со штитење на Јанева се штитат и високи функционери на СДСМ

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ