Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ бара итна пленарна седница за законите од петтиот пакет мерки

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од владејачкото мнозинство веднаш да закаже итна пленарна седница на која, како што велат, заедно ќе ги разгледаат и едногласно ќе ги изгласаат законите од петти пакет мерки поврзани со финансиска помош на граѓаните и компаниите.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој посочи дека економијата и бизнис секторот „немаат време за чекање, за политички сплетки и за политиканство, а помошта е потребна веднаш и без одложување“.

– Зад мене се присутни пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и се одважи да ја закаже седницата. Апелираме уште еднаш да престанат политичките игри, пазарења и тактизирања врз грбот на граѓаните и стопанството и уште веднаш, уште денеска да се закаже седница, да ги изгласаме законите од т.н. петти пакет на мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството, изјави Мицевски.

Тој додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеат присутни во Собранието, а сега, како што рече, на потег е власта.

Мицевски рече дека претседателот на Собранието не е во состојба да поставува услови и посочи оти ВМРО-ДПМНЕ ќе делува институционално, но, како што рече, нема да му прави кворум на владејачкото мнозинство.

– Неколку пати најавувам дека е потребно да се организираат посебни ковид седници на кои брзо ќе бидат изгласани законите од здравството и економијата кои се во интерес за спречување и намалувањето на пандемијата. Тоа не се случи. Деновиве слушам, а така сте брифирани и вие медиумите дека седницата е закажана со овие точки на дневен ред, што не е точно, изјави Мицевски.

Тој додаде дека има можност денеска на паузата на седницата на Собранието на чиј дневен ред се пратенички прашања, да биде закажана 37. седница со овие четири точки.

– Ви гарантирам дека Комисијата за финансирање и буџет која ја води ВМРО-ДПМНЕ ќе биде закажана, на која би можело да поминат овие пакет мерки. Зошто власта се уште се однесува политакнтски кон петтиот пакет мерки, ќе ги прашате нив, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата