Мицевски со поддршка на родово сензитивни политики во Крива Паланка

Од:

Зајакнување на капацитетите на општинската администрација и на Советот на општина Крива Паланка за креирање родово одговорни политики и унапредување на родовата еднаквост во општината.

Oва се само дел од темите за кои градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски разговараше на работната средба со претставничката од UN Women, проект на УНДП, Христина Хаџи-Василева, ментор за родово одговорно буџетирање и координаторот за еднакви можности на жените и мажите во општината, Лидија Митовска. Состанокот беше во насока на воведување на родово сензитивно планирање на буџетот на општината.

Мицевски истакна дека локалната власт има клучна улога во намалување на нееднаквостите и промовирањето на вистинско еднакво општество.

– Доколку сакаме да изградиме заедница што се базира на еднаквост, многу е важно локалната власт целосно да ја земе предвид половата димензија и да ја вметне во своите правила на управување, организација и практично работење. Во денешницата и во иднината, вистинската еднаквост меѓу мажите и жените е исто така клучот за нашиот економски и социјален успех, не само на локално туку и национално ниво. Заедничка цел е континуирано унапредување на статусот на жените и понатамошен развој и реализацијата на родовата рамноправност, рече Мицевски.

Во претстојниот период се очекува реализација на обуки, работилници и менторска програма со специфични мерки и буџетски алокации за нејзино спроведување. Договорени се и понатамошните чекори во процесот на подготовка и креирање родово избалансиран буџет како дел од стратешките цели на градоначалникот за транспарентно и отчетно управување со јавните финансии и креирање на општинскиот буџет согласно потребите на граѓаните.

Родовото буџетирање претставува примена на родовата стратегија во буџетскиот процес со родово-ориентирана процена на буџетите и инкорпорирање на родовата перспектива на сите нивоа од буџетскиот процес, како и преструктуирање на приходите и трошоците со цел да се промовира родова еднаквост.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори