Мицевски: Пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ ќе поднесе Закон за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари

Од:

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владеачкото мнозинство.

„Имено, Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО – ДПМНЕ. СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност.

По бројните притисоци од сите заинтересирани страни односно пазарџиите и организаторите на пазарите, примената на Законот, на крајот на јануари 2019 година, беше одложена до почетокот на 2020 година. Ваквото решение беше исклучиво за смирување на пазарџиите кои протестираа во пресрет на најавените претседателски избори“, рече Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„На 50-тина дена до денот на стапување во сила на овој штетен Закон за пазарџиите и организаторите на пазарите, ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата предлагаат истиот да престане да важи.

Ваквото барање за измени на Законот за трговија на зелени пазари за претстанување на важење на Законот доаѓа по консултации со пазарџиите и организаторите на зелените пазари.

Знаеме дека нашиот предлог по вторпат ќе биде одбиен. Сите се свесни дека Зоран Заев ќе прифати се, па дури и одлагање на стапувањето во сила на Законот поради предвремените парламентарни избори на пролет. Но, она што е најбитно дека ниту еден предлог кој ќе биде на предлог на Владата предводена од Зоран Заев нема да го реши проблемот на пазарџиите.

Новата Влада на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе изврши консултации со сите засегнати страни, пазарџии и организатори на пазари и ќе се донесе законско решение со кое ќе се задоволат сите засегнати страни“, изјави Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ