Мицевски: Ова е јасен показател дека СДСМ и ДУИ го губат тлото под нозе, а целата јавност е сведок на тоа дека пред полноќ ќе носат штетен закон за сите граѓани

Од:

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО ДПМНЕ вели дека денес се случува нов преседан во Собранието.

„За прв пат во историјата на Парламентот се закажува нова седница веднаш по завршувањето на седницата за пратенички прашања, и тоа седница посветена на спорниот Закон за продолжување на рокот за пензионирање на судиите.

Досега невиден скандал е што закон кој предизвика инцидент за време на комиската расправа, сега на шверцерски начин, полутајно и на сила се турка да помине веднаш по седницата за пратенички прашања.

Одговорот зошто власта и претседателот на собранието Џафери прават ново насилие во собранието и зошто им се брза со законот, е поради тоа што јавна тајна е дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители кои носат партиски и политички одлуки диктирани од криминалното двојство СДСМ-ДУИ.

Со овие обвинители и со овие судии СДСМ-ДУИ го штитат сопствениот криминал, и изработуваат политички монтирани процеси против опозицијата.
СДСМ и ДУИ со законот штитат криминал.

Токму затоа да се продолжи работниот век на овие партиски војници во судството и обвинителството, СДС-ДУИ прават насилие, се нервозни и ги кршат сите досегашни процедури и практики.

Ова е јасен показател дека СДСМ и ДУИ го губат тлото под нозе, а целата јавност е сведок на тоа дека пред полноќ ќе носат штетен закон за сите граѓани.

Затоа не треба да се чуди владата зошто судството и обвинителството руши рекорди со најслаба доверба, веднаш по најслабата доверба која ја има актуелната Влада“, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага