(ВИДЕО) Мицевски: Не прифаќаме селективно помирување

Од:

Ќе настапуваме како една пратеничка група, постоењето на повеќе групи не наиде на она што очекувавме, наидовме на непочитување на деловникот и недавање можност да се искаже сето она што требаше, рече новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој додаде дека од поодамна било планирано прегрупирање од десет во една група, а официјално утре ќе го известат претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Остануваме на ставот дека ќе настапуваме во Собранието како и досега, против целата штетна политика на СДСМ“, рече Мицевски на прашање дали ќе оди на координација кај собранискоот спикер.

За законот за амнестија очекува да биде прифатен од мнозинството. „Ќе имаме повторно координација во партијата, она што беше понудено како помирување не е прифатливо бидејќи е селективно“, рече тој.

Мицевски не одговори дали ќе соработува со новата пратеничка група која независна од ВМРО-ДПМНЕ. „Дел од пратеничките дадоа оставки, но остануваат во пратеничката група“, рече тој.

Мицевски денеска ја презеде функцијата од Драган Данев кој рече дека оставката ја поднел од лични причини.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски