Мицевски: Јавна расправа за закон по скратена постапка не е деловнички

Од:

Координатоторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека со откажувањето на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се потврдила нивната оценка оти нема деловнички услови за почнување на амандманската расправа за измените на Изборниот законик.

Одржување јавна расправа за закон што се носи во скратена постапка не е во согласност со Деловникот на Собранието, но доколку спикерот Талат Џафери ја закаже, како што вели, дополнително ќе се произнесат.

Според Мицевски, ова е маневарска игра на претседателот на Комисијата затоа што доколку сакалe јавна расправа Деловникот предвидува таа да се случи во редовна постапка. Вака, истакнува, кога законите се пуштени во скратена постапка единствен начин за да се расправа по нив е амандмански.

-Доколку навистина сакаа промена на Изборниот модел на два месеци пред избори, на 10 дена пред Пржинска влада требаше да се седне со најголемите политички ќинители, да се разговара и доколку се најде консензуално решение истото да биде применето. Вака сите овие потези кои се прават од страна на Комсијата и нејзиниот претседател ги сметаме само за маневар и наоѓање на некој виновник, а СДСМ кои предизборно ветуваа отворени листи, да не бидат виновни за ништо, вели Мицевски.

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани