Мицевски: Има простор за дебата, да се подобри нашиот предлог за амнестија

Од:

Дали целта е вистинско помирување или порамнување, запраша координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на прес-конференција истакнувајќи дека од неговата партија очекувале негативно мислење од Владата по однос на предлог-законот за аменстија на сите осомничени, обвинети и осудени за 27. април, зошто како што кажа тој, сè е претходно смислено сценарио.

Мицевски рече дека има можност за дебата, да се подобри нивното законско решение преку амандмани.

„Ние не поддржуваме насилство, тоа е немил настан, но она што го нуди Телото за помирување е селективност во правда. Сепак, ако се донесат одлуки за неселективна правда, ние можеби ќе ги почитуваме“, истакна координаторот.

Мицевски додаде дека од неговата партија ќе чекаат да видат што конечно ќе понуди Телото, дали ќе се чека да завршат уставните измени или може и порано да почне процесот со цел да се заврши, како што кажа, агонијата на лицата обвинети за 27. април.

Вчера Владата даде негативно мислење на предлог-законот за аменстија на сите осомничени, обвинети и осудени за 27. април, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. За овој предлог закон ќе се расправа на седницата во понеделник.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина