(ВИДЕО) Мицевски: Џафери да закаже седница за распуштање на Собранието

Од:

Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, бара денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери да закаже една и единствена точка за распуштање на Парламентот, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Опозицијата поднесе предлог одлуга за распуштање на Собранието уште на 5-ти февруари. Одлуката беше поднесена со цел да, се испочитува договорот за датумот на избори, бидејќи сме сведоци дека СДСМ да бара изговори за да избега од извори. Сакаме да го потсетиме претседателот Џафери на неговата изјава дека собранието треба да се распушти на 12 ти февруари при што рече дека самиот ќе поднесе одлука за распуштање на Собранието. Џафери да биде дециден и да си стоина зборот и да закаже седница за распуштање на Парламентот, во спротивно, јавноста ќе треба да има во предвид дека ова парламентарно мнозинство бега од избори и договорот на лидерите во присуство на претседателот Стево Пендаровски“, рече Мицевски.

Доколку денеска не се распушти Собранието, Мицевски вели дека мнозинството испраќа порака дека не стои на договореното и не ги почитува роковите.

„Не ме изненадува ако денес закажат седница со 200 закони, но граѓаните гледаат и ќе им стане јасно како ова парламентарно мнозинство функционира“,додаде тој.

Инаку и доколку одлуката за распуштање биде ставена на дневен ред, за да биде усвоена треба гласаат 61 пратеник.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела