(ВИДЕО) Мицевски: Доста спинувате, излезете на избори

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски реагираше на прозивките од СДСМ дека само 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласале за интерпелацијата за Никола Димитров и рече дека ова е уште еден нивен спин.

Немало разидување во ВМРО-ДПМНЕ, најголем дел од пратениците биле во странство, додава тој.

„Ги повикуваме СДСМ да прифатат избори како што бара најголемиот дел од функционерите на СДСМ. Да одиме на избори, доволно беше ретерирање и спинување. Поминаа две години, нека се соочат со граѓаните, да видиме дали ќе ги поддржат нивните политики кои не ја водат никаде државата“, изјави Мицевски на денешната прес-конференција.

СДСМ бара избори да не ги добие, тие сами побараа да поднесеме иницијатива за распуштање на Собранието и ние ја поднесовме, вели Мицевски, и додава дека кога ќе најде на дневен ред тоа не се знае.

Мицевски посочува дека ништо не може да ги зачуди во Собрание, бидејќи како што изјави „тие си толкуваат и деловник и процедури како сакаат“.

За средбата со дипломатот Даниелсон, рече дека имале заеднички забелешки дека доцнат реформите и дека ништо не е направено на економски план.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче