Мицевски: Ако пратениците со ковид дојдат во Собранието ќе ги прекршат законите за заштита на јавното здравје

Од:

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од Ковид-19 во изолација, во скафандери да одат во Собрание. Зоран Заев е лицемерен и манипулативен. Талат Џафери и владеачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска болна од Ковид-19 со скафандер се појави во Собранието.

„Се што прави Зоран Заев денеска е само театар, а за неговата претстава да биде целосна ги тера пратениците да прават кривично дело, да го загрозуваат јавното здравје и да кршат здравствени прописи за време на пандемија. Главното прашање е зошто пратениците може да ја кршат изолацијата, а граѓаните се затворени дома. СДСМ и Заев прават кривично дело. Заев свесно го прави ова и за истото ќе има одговорност, доколку беше чесен и искрен мерките ќе беа изгласани во четвртокот, но Заев го интересира само ситна политичка корист, а не граѓаните и државата“ – велат од партијата.

Потегот на пратеничката Костадиновска-Стојчевска го осуди и координаторот на пратеничката групна на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-Водат борба за медиумско внимание на сметка на компаниите и граѓаните и на сметка на здравјето на пратениците. Како да ги убедиме граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки кога пратениците на СДСМ и ДУИ за да ги задоволат пи-ар желбите на сопственото раководство, експлицитно ги прекршуваат овие мерки и закони кои важат во државата, рече Мицевски.

Тој на прес конференција во Собранието во пресрет на седниците закажани за денеска повтори дека пратениците од неговата партија ќе учестуваат само на седницата за усвојување на законите кои треба да го активираат петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и на стопанството.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител